Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја збогати својата листа на рекорди со голот што го постигна синоќа во победата на Јувентус над Баер Леверкузен (3-0) во Лигата на Шампионите.
Португалецот во 88. минута постигна гол со кој стави точка на победата на Јувентус. Роналдо го собори рекордот на Икер Касилјас и сега тој има најмногу победи во Лигата на Шампионите (102).
Роналдо го израмни и рекордот на некогашниот играч на Реал и Шалке, Раул. Овие двајца постигнувале најмалку од гол против 33 екипи. Покрај тоа, Роналдо заедно со Меси и Раул стана играчот што 14 сезони по ред постигнал најмалку еден гол во Лигата на шампионите.
OhridNews