Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, е избран за најдобар фудбалер во месец септември во Премиер лигата, соопштено е денеска на официјалниот сајт на натпреварувањето.
Португалскиот напаѓач сезонава се врати на „Олд Трафорд“ по пауза од 12 години и во првите три натпревари за „црвените ѓаволи“ постигна три голови.
За најдобар тренер во изминатиот месец во англиското првенство е прогласен стратегот на Арсенал, Микел Артета.
OhridNews