Екипата на Јувентус запиша нови три бодови на табелата во италијанската Серија А совладувајќи ја Сампдорија со 2-1 (2-1) на „Лујџи Ферари“ стадионот во 17-та рунда од шампионатот.
„Бјанконерите“ до триумфот стигнаа благодарание на Кристијано Роналдо. Португалецот во судиското продолжение во првото полувреме постигна неверојатен погодок и уште еднаш потврди дека се работи за „гол машина“ со надчовечки способности. Роналдо не само што го надскока својот чувар, туку во скокот направи „трзај“ со кој ја смести топката во противнчката мрежа. Претходно за водство на Јувентус реализираше Пабло Дибала, а резултатот го изедначи Џајнлука Капрари.
Со победата и целиот плен од гостувањето кај Сампдорија, екипата Јувентус се одлепи три бодови од Интер кој има натпревар помалку.
OhridNews