По дециниска доминација и освојување на наградите, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, нема да бидат во потесниот избор за престижното признание „Златната топка“, кое го доделува францускиот весник „Франс фудбал“.

 

Роналдо и Меси имаа плодни сезони. Португалецот со Реал Мадрид ја освои титулата во ЛШ, а членот на Барселона со клубот ја покори Шпанија. Но, како главен фаворит се одвојува репрезентативецот на Франција, Рафаел Варан, кој беше соиграч на Роналдо во „кралскиот“ клуб и еден од столбовите на „триколорите“ во походот кон титула на Мундијалот.

Како што пренесува „Л`кип“, Варан бил далеку пред конкурентите Лука Модриќ и Килијан Мбапе. Дефанзивецот ужива голема доверба во светскиот фудбал и се очекува негова убедлива победа, стои во весникот.

Модриќ веќе се закити со две признанија, а Мбапе со едно. Хрваттот одбран беше за најдобар играч на Мундијалот и во светот во изборот на ФИФА, а фудбалерот на ПСЖ прогласен беше за најдобар мла фудбалер.

Изборот на најдобар играч во организација на „Франс фудбал“ ќе се одржи на 3 декември во Парис.

OhridNews