Репрезентативецот на Хрватска и членот на Реал Мадрид, Лука Модриќ се закити со најголемото признание во светот на фудбалот, откако беше прогласен за најдобар во изборот кој го организираше ФИФА. Хрватот во трката за престижното признание ги победи Кристијано Роналдо и Мо Салах.

Со освојувањето на наградата за најдобар фудбалер од ФИФА фудбалскиот моцарт ги симна Кристијано Роналдо и Лионел Меси од тронот кои заедно го чуваа една деценија.

Модриќ имаше повеќе од плодна сезона на клупски и репрезентативен план. Со екипата на Реал Мадрид по трет пат во серија ја освои титула во Лигата на Шампиони, додека со Хрватска играше во финалето на Мундијалот и го освои сребрениот медал.

Наградата за најдобра фудбалерка ја освои Бразилката, Марта. Најдобар тренер за изминатата сезона беше Дидиер Дешамп кој со селекцијата на Франција стигна до златниот медал. Во женска конкуренција за најдобар тренер награда доби Рејнолд Педрос кој е предводник на Лион.

За гол на сезоната прогласен беше погодокот на Салах во градското дерби помеѓу Ливерпул и Евертон во рамките од Премиер лигата.

Награди:

Најдобар фудбалер: Лука Модриќ

Најдобра фудбалерка: Марта

Најдобар тренер: Дидиер Дешамп и Рејнолд Педрос

Гол на сезоната: Мо Салах

Голман на сезоната: Тибо Куртоа

Тим на сезоната: Давид де Геа, Дани Алвес, Рафаел Варан, Серхио Рамос, Марсело, Лука Модриќ, Нголо Канте, Еден Азард, Лионел Меси, Килија Мбапе, Кристијано Роналдо.

OhridNews