Мораме да признаеме дека е тешко да се замисли пар кој е поприкладен за изданието на списанието „GQ“ на тема вежбањето и физичкиот излгед од Алесандра Амбросио и Кристијано Роналдо. Еден од најпознатите ангели на Викторија Сикрет и фудбалската супер ѕвезда моментално ја красат насловната страна на списанието „GQ“ само во долна облека. Тема е физичкиот изглед и вежбањето, па парот не претставува никакво изненадување.

 

Освен разголените фотографии, списанието објави и интервју со Роналдо кој нагаѓа дека постои добра шанса дека некогаш ќе игра фудбал во САД. Манекенката и фудбалерот беа многу задоволни со изгледот на фотографиите и соработката со списанието „GQ“. Фотографиите на Алесандра и Роналдо ги сними познатиот фотограф Бен Вотс.