На две кола пред крајот избран е најдобриот тим за сезоната 2007-08 во Англиската премиер лига. Во најдобриот Премиер тим се најдоа четворица “топџии“, тројца “ѓаволи“, двајца “црвени“ а по еден прставник имаат Портсмут и Астон Вила. Во најдобрите 11 има 4 англичани, двајца шпанци, двајца французи по еден србин, португалец и тогоанец.

Голман: Дејвид Џејмс (Портсмут);

Одбрана: Бакари Сања (Арсенал), Рио Фердинанд (Манчестер Јунајтед), Немања Видич (Манчестер Јунајтед), Гаел Клиши (Арсенал);

Среден ред: Стивен Жерард (Ливерпул), Цеск Фабрегас (Арсенал), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед), Ешли Јанг (Астон Вила);

Напаѓачи:Емануел Адебајор (Арсенал), Фернандо Торес (Ливерпул).

Лондонските сини, кои во финишот на првенството може да завршат на врвот на табелата, иронично немаат ниту еден преставник во тимот на сезоната.

Наградите за индивидуални постигнувања во сезоната 2007/2008 отидоа во рацете на Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед) – за најдобар фудбалер и Цеск Фабрегас (Арсенал) – за најдобар млад играч.

ohridnews