Водечката екипа во Серија А, Јувентус ќе ги заобиколи Соодинетите американски држави (САД) ова лето како база за подготовки за сезоната која доаѓа поради Кристијано Роналдо.
Против асот на Португалија се води постапка за силување на Кетрин Мијагра и што стапне на територија од САД ќе треба да биде уапсен и одведен на испитување.
„Бјанконерите“ како база ќе ја одберат Кина или пак Сингапур во зависност колкав број на екипа од Европа ќе се подготвуваат на блискиот исток.
Роналдо во Јувентус се пресели на почетокот од оваа сезона за 100 милиони евра. Претходно девет сезони настапува во мадридски Реал.
OhridNews