Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо подготвен е да ја прифати условна казна од две години за затајувањето на данок во Шпанија.

Португалецот точно девет сезони го носеше дресот на Реал Мадрид, а шпанските власти Роналдо го обвинија за затајување на данок од 2011 до 2014 година во висина од 15 милиони евра.

Репрезентативецот на Португалија ќе ја прифати вината и ќе избегне затворска казна од две години, бидејќи прв пат се соочува органите на правдата.

Роналдо во иднина не смее да има исти проблеми со шпанските власти, бидејќи тогаш ќе мора да одлежи затворска казна поради повторувањето на кривничното дело.

OhridNews