Фудбалот одамна ги проби границите во спортот и според заработувачката и популарнаста на фудбалерите може слободно да се мери со останатите луѓе од бизнис сферата во светот. Најпопуларната мрежа после Фејсбук, Инстаграм објави листа за заработувачка во 2019 година и на неа има дури шест фудбалери.
Водечки на листата е Кристијано Роналдо. Португалецот во 2019 година за своите објави и промоцијата на продуктите кои ги рекламира заработил неверојатни 47,8 милиони евра. Роналдо на Инстаграм е доста активен постирајќи слики од дечињата, поубавата половина Георгина и начинот на кој тренира и постигнува погодоци во Јувентус и Португалија.
Втор на листата е Лионел Меси. Аргентинецот има заработувачка од 23,3 милиони евра, а големата тројка ја комплетира ријалите ѕвездата и манекенката Кендал Џенер. Во ТОП 5 се Дејвид Бекам и Селена Гомез.
Шестото и седмото место резервирани се за двајца фудбалери Нејмар односно Ибрахимовиќ. На осмата позиција се наоѓа Кајли Џенер, па Роналдињо на деветтата, а десетта е Кло Кардишијан.
OhridNews