Асот на Португалија, Кристијано Роналдо ја смири ситуација и најави враќање на терените за две недели после повредата која ја доби на вчерашниот меч со Србија во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

Роналдо играта ја напушти во 30-та минута, а настрадал бутниот мускул на левата нога. – Не сум загрижен поради мојата повреда. Го познавам своето тело, ќе бидам подготвен за две недели. – изјави Португалецот.

Тој се осврна на пеналот кој Марчињак прво го досуди, а по асистенција на првиот асистент го поништи.

  • Судијата по завршувањето на мечот ми призна дека погреши што не остана на својата одлука. Требаше и претходно да постигнеме погодок и да го решиме победникот. Нема да ги навалиме главите и ќе продолжиме понатаму. – додаде Роналдо.

Португалија не успеа да забележи победа на стартот од квалификациите. Во првата рунда ремизираше со Украина, а синоќа ги подели бодовите со Србија.

OhridNews

ЕП: Србија ремизираше со Португалија, нови победи на Франција и Англија (видео)