Британскиот весник The Sun објави вест во која се тврди дека веројатно најдобриот светски фудбалер Роналдињо ја прифатил понудата од Челзи и за 83 милиони евра би ја напуштил Барселона и би заминал во Лондон на крајот од сезоната.

Спрема таблоидот, брзилската супер-ѕвезда е незадоволен од третманот и критиките кои ги добива во каталонскиот гигант, а неговиот менаџер и брат Роберто де Aзис наводно ги прифатил условите од Челзи спрема кои Роналдињо би требало да заработува 17.2 милиони евра по сезона. Челзи би платил на Барселона рекордни 100 милиони долари отштета, а во Англија Роналдињо би постанал најплатен играч со 320 илјади фунти неделно.

С.К.