Бразилскиот магионичар и фудбалер на годината според ФИФА за 2004 и 2005 година, Роналдињо доста веројатно ќе ја продолжи кариерата на местото каде што ја започна, бразилскиот Гремио.


Трансферот на Антонио Касано во Милан, уште повеќе ќе ја намали и онака слабата минутажа за бразилецот кој е резервна опција за Масимилјано Алегри.  Договорот на Роналдињо истекува на крајот на оваа година, и зимскиот преоден рок е последната шанса “росонерите“ да заработат на име обештетување.


– Со Роналдињо ги договоривме сите лични услови, она што преостанува е фудбалерот да добие зелено светло од Милан за трансфер – вели претседателот на Гремио, Пауло Одоне.

Ohridnews