Јубилејниот 40-ти роденден, некогашниот фудбалски ас Роналдињо го прослави зад решетки во еден од затворите во Парагвај.

Роналдињо, брат му и уште еден човек беа уапсени поради фалсификување на лични исправи. Бразилецот и брат му се обвинети за користење на фалсификуваните документи додека третиот човек е обвинет за пуштање во употреба. На Роналдињо му пропаднаа сите обид да се извлече од затворот во Парагвај и таму ќе ја чека пресудата околу неговото обвинение.

Бразилецот беше виртуоз со топка. Неговата насмевка во текот на фудбалска кариера вечно ќе се памети. Роналдињо е единствениот фудбалер кој освоил титули во Лигата на Шампиони и Копа Либердаторес на клупско ниво, Светско првенство и Копа Америка во националниот дрес и Златната топа на индивидуален план.

Во текот на кариерата, Роналдињо го носеше дресот на Гремио, Пари Сент Жермен, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетао и Флуминезе.

Дел од најдобрите потези и погодоци на Роналдињо. Уживајте!

OhridNews