Рон Џереми, легендарната порно ѕвезда, се наоѓал во критична состојба во една болница во Лос Анџелес, по проблемите со срцевата анеуризма. Џереми бил примен во болницата „Седарс Синај“ во вторникот откако се пожалил на силни болки во градите. Бидејќи состојбата му се влошила, бил подлегнат на операција, а лекарите утврдиле дека станува збор за срцева анеуризма.
Рон Џереми за време на својата богата кариера снимил околу 2000 порно филмови, а се испробал и како режисер во истиот жанр, па околу 200 филмови за возрасни го носат неговиот потпис. Се појавувал и во други филмови како и во неколку хумористични серии.