Пратеникот од редовите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Ромео Тренов, поднесе оставка на функцијата пратеник, за да биде именуван на друга функција, jaви телевизијата 24 вести,
Тренов оставката до Собранието ја поднел на 21-ви октомври, а истата треба да биде констатирана на првата наредна седница.
24 вести повикувајќи се на партиски извори, објави дека Тренов најверојатно ќе биде назначен за директор на новооснованото Јавно претпријатие за сите водни стопанства на Македонија.
OhridNews