Бразилскиот фудбалер Ромарио, член на “Васко де Гама“ , оваа недела би можел да го постигне 1000-от гол во својата богата играчка кариера.
“Васко де Гама“ во недела на “Маракана“ ќе игра против Фламенго.
Ромарио кој во 1994 година со Бразил стана светски првак во кариерата има постигнато 998 голови. Доколку ја мине границата од 1000 ќе му се придружи на славниот сонародник Пеле.
“Ќе бидам многу горд доколку 1000 гол го постигнам на истото место на које тоа го направи и Пеле.Да постигнувам голови е моја специјалност , меѓутоа да го постигнам 1000 гол во кариерата против тим каков е Фламенго за мене ќе биде огромна чест“ изјави 41-годишниот фудбалер.
Н. Цветанов