Букурешт влезе во Гинисовата книга на рекорди со торта од овошје и шлаг тешка 281 килограми.
Овластените лица од Гинисовата книга на рекорди ја измериле тортата со електонска вага и потврдиле дека е соборен светскиот рекорд во категоријата „торта од шлаг и овошје“, кој досега изнесуваше 200 килограми.
Тортата е направена од 100 килограми шлаг, 1.000 јајца, 40 килограми шеќер и голема количина овошје.
По церемонијата за врачување на гинисовата повелба на градоначалникот на романската престолнина, граѓаните на Букурешт имаа можност да ја пробаат тортата.
За време на божиќните празници, ова е трет светски рекорд кој го собори Букурешт, по рекордот за најголем број на дедомразовци, речиси 40.000 и рекордот за најдолгиот колбас, долг 392 метри.