Во Романија се слави “Dragobete”, еден вид ден на вљубените, а младите лица од Букурешт најавиле дека од 12 до 22 часот на улицата Липшчани ќе се обидат да со соборат светскиот рекорд во пишување најдолго љубовно писмо додека ги надгледува комисијата од Гинисовата книга на рекорди. Пишувањето ќе биде проследено со музика и танцување, а романците веќе држат 25 гинисови рекорди во разни категории.


Едни од најинтересните рекорди се следниве: Габриел Антониу Лавринчич добил најмногу писма, и тоа повеќе од 22 илјади од своите деца од Русија, во периодот од 1987 до 1991 година и тоа што во најмасовниот танц учествувале речиси 14 илјади луѓе во 2006 година.