Низ годините поминати под светлата на рефлекторите, Бијонсе се истакнува како вистинска модна камелеонка, која на дневна основа не изненадува со своите комбинации на облекување. Позната како музичка ѕвезда која еден ден негува урбан стил, а веќе другиот ден ултраженствен стил, Бијонсе уште еднаш ја покажала модната сестраност, позирајќи во свое досега најромантично издание.
За тоа е заслужен прекрасниот фустан на дизајнерката Мери Катранцоу, кој се истакнува со богат цветен принт во нијанси на виолетова боја и ѕвонесто здолниште. Ова шармантно издание го дополнуваат розеви салонки во шпиц, а Бијонсе целиот изглед го заокружила со богати бранови во косата, зачешлани на страна, и прекрасни зелени обетки.
извор: fashion.hr