Куп освојувачот Работнички во Охрид се подготвува за настапот во новоформираната Лига Европа. “Романтичарите“ ќе го скокнат првото коло, а во второто силите ќе ги одмерат со преставникот на С.Ирска,Крусајдерс. Ирскиот противник е енигма за “романтичарите“ кои преку серија контроли ќе ја темпираат формата за мечот на 16 јули во Скопје.


–  Екипата на Крусадејрс е непозната за нас, но сигурно дека се работи за добра екипа која доаѓа од островот. Во Охрид ќе одиграме две контроли со Фљамуртари и Тирана, на 2 јули во Скопје ќе спрарингуваме со бугарскиот првак Левски, додека во Србија ќе играме со  Војводина, ОФК Београд, Јагодина а се чека на потврден одговор од Партизан Сериозно се подготвуваме за да стигнеме до третото коло каде има далеку по атрактивни противници од овој – вели Стратев.

Никола Глигоров поранешниот капитен на Вардар е најзвучната аквизиција во тимот од “Дебар Маало“. Покрај Глигоров и поранешниот Вардарец Васко Божиновски е во Охрид, додека на проба се србите Јовановиќ и Родиќ.

ohridnews