Романската престолнина Букурешт срдечно ги пречека македонски фудбалери, упатувајќи порака „Македонија добре дојде“, преку официјалниот видео бим на стадионот. „Црвено жолтите“, утрово, во комплетен состав отпатуваа за Романија, а одма под палката на селекторот Игор Ангеловски го одржаа првиот тренинг.

Македонската фудбалска репрезентација во Букурешт ќе одигра два од трите мечеви во групната фаза. Дебито на европската фудбалска сцена Македонија ќе го има в недела против Австрија, а потоа следува дуелот со Украина во Букурешт и средбата со Холандија во Амстердам.

Европското фудбалско првенство стартува в петок со мечот Италија – Турција на Олимпико во Рим, а богатата програма на натпревари започнува од сабота.

OhridNews