Деновиве од печат излезе романот „Љубовта е ѕвезден сјај“ од Љубица Петреска – Чифлигароска, а во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Мојот најнов роман „Љубовта е ѕвезден сјај“ веќе подолго време, околу две години се склопуваше дел по дел во моите мисли. Еден ден разгледувајќи го мојот албум со слики се потсетив на моите другари од детството. Се сетив за една моја соученичка но не ја откривам нејзината идентификација – која учеше во нашата генерација во основно, а живееше во Мајчин дом во Скопје. Тоа е домот за деца без родители. Се сетив како на еден час по македонски јазик  додека наставничката побара да  пишувавме состав за нашите родители таа напиша само неколку реченици, вели авторката.

Нејзините зборови ми се врежаа длабоко во мојата глава и после толку многу години испливаа на површината на свеста и полека се вратија сеќавањата на девојчето кое заврши средно медицинско училиште и требаше да стане медицинска сестра во некоја болница, за да им помага на луѓето кои имаа потреба од неа. Но како секогаш судбината што си поигрува со луѓето таа наместо медицинска сестра работеше како келнерка во еден ресторан. Потоа и стана негувателка на ќерката на газдата на ресторанот и на крајот својата среќа ја најде во Германија како и многу млади денеска што бегаат од нашава држава за подобар живот. Книгава е напишана по вистинска случка до моментот на заминувањето на мојата пријателка во Германија. Потоа содржината го добива својот тек со пронаоѓање на својата среќа и во работата и во љубовта, вели Петреска – Чифлигароска.

Додава дека во романот содржината е јасна само имињата се измислени. Секој читател кога ќе ја прочита книгата ќе сфати колку е битна хуманоста на луѓето што треба секој да ја поседува во себе.

Сите љубители на пишаниот збор книгата може да ја најдат во билблиотеката или лично кај авторката.

OhridNews