Романот „Кукла од марципан” од Мухарем Баздуљ кој годинава влезе во најтесниот избор за наградата на белградски НИН, излезе на македонски јазик во превод на Ристо Лазаров и во издание на „Везилка 2011″.

Романот, кој наиде на извонреден одѕив кај читачката публика, кус по обем, е приказна за животот на чешката филмска дива Лида Барова (1914-2000), која по триесетите години па се до неговата смрт била љубовница на Јосеф Гебелс. Романот делува како документарна, но белетрозирана приказна за познатата глумица. Создадена е атмосфера на фин разговор со читателот, разговор каков што би се водел на гости, во некој салон или напросто – во кафуле со пријателите. Баш како чоколатце од марципан што го поделуваш со пријателот пиејќи кафе. Издавачот очекува дека оваа книга и во Македонија ќе предизвика голем интерес.

OhridNews