Женската кадетска селекција на Романија се искачи на Светскиот ракометен трон откако триумфираше на Мундијалот кој се одржа во Македонија.
Во финалето во што се одигра во Охрид во салата „Билјанини Извори“ ракометарките на Романија ја совладаа Германија со 32-21 и го освоија најсветлото одличје.
Претходно во малото финале Данска се закити со бронзениот медал победувајќи ја Црна Гора со 20-19.
Мх.П.