Романија ќе проба да го запре растот на проституцијата во земјата така што – ќе ја легализира. Ова е предлог на министерот за внатрешни работи на таа земја, Васил Блага. Предлог законот би можел да биде готов наскоро и предаден на јавна расправа.


„Кога ќе ги ставиме сите карти на маса и ги измериме предностите и маните на овој предлог, мислам дека неговото решение би можело да биде позитивно“, рекол Блага.
Секоја година, илјадници Романки, некои на возраст од само 13 години, биваат киднапирани или со слатки приказни за богата мажачка или добра работа одведени во странство од страна на добро разработени криминални канали. Наместо работа и мажење, завршуваат во бордели и ноќни клубови како секс робинки.

Сега, сметаат посматрачите, кога Романија постана членка на ЕУ, таа „работа“ на криминалците би им постанала уште поедноставна, на штета од жените. Романската православна црква се противи на предлогот.

HiNa

С. К.