Селекциите на Романија и Холандија ќе играат во финалето на ЕП б дивијза кое се игра во Охрид.


Романија стигна до финалето откако и го нанесе првиот пораз на фаворизиранта Белгија со 81-67, додека Холандија го елиминираше првиот фаворит на турнирот Словачка победувајќи со 75-66.

Двете репрезентации беа во нашата Б група, а нивниот прв натпревар заврши 63-79 во корист на Романија. Двете репрезентации обезбедија пласман во А дивизијата.

Финалето се игра во 20.30 минути.

М.П.