Женската ракометна репрезентација на Романија во најдобар состав ќе и се спротистави на женската македонска селекција во бараж двомечот за пласман на Мундијалот во Шпанија.

Селекторот на романките, Адриан Василе, го објави поширокиот список од 20 ракометарки на кои се најдоа најголемите ѕвезди во романскиот и светскиот ракомет. Романија на двомечот со Македонија ќе биде предводена од Кристина Неагу, Крина Пинтеа, Кристина Ласло, Јулија Думанска. Василе ќе треба да одбере само 16 ракометарки, но може да се заклучи дека ќе биде на слатки маки во пресрт дуелите со Македонија.

Првиот натпревар од баражот се игра во Букурешт на 17 април од 17:00 часот, додека реваншот е на 21 април во Скопје од 17:45 часот.

OhridNews