Селекцијата на Романија е противникот на Женската ракометна репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија.

Македонија поради слабиот рејтинг ја немаше улогата на носител и романската селекција е еден од поквалитетните ривали од носителите.  „Црвено жолтите“ првиот меч ќе го одиграат на домашен терен 16/17 април, додека реваншот на 20/21 април.

Покрај домаќинот Шпанија на Мундијалот пласман имаат обезбедено актуелниот светски првак Холандија и четирите најдобри селекции на Европското првенство Хрватска, Данска, Норвешка и Франција.

  • Двојки бараж за СП:

Турција – Русија

Чешка – Швајцарија

Словенија – Исланд

Словачка – Србија

Украина – Шведска

Австрија – Полска

Унгарија – Италија

Романија – Македонија

Португалија – Германија

Црна Гора – Белорусија

OhridNews