Организаторите на филмскиот фестивал во Цирих го повикале Роман Полански(76) на свеченоста за да му доделат награда за животно дело. Режисерот не успеал да стигне до Цирих, бидејќи го уапсиле на граница со судски налог издаден во САД пред триесеттина години. Оскаровецот во далечната 1978 година се впуштил во сексуална врска со Саманта Геимер која тогаш имала 13 години.


Ја повикал во куќата на Џек Николсон на снимање. Најпрво го обвиниле за силување и содомија, но обвинението било намалено откако ја признал вината. Бидејќи му претела затворска казна тој во 1978 година се преселил во Франција надвор од опасноста од американските власти. Тој сега ќе биде задржан во полиција и не е познато дали ќе биде испорачан во САД. Саманта минатата година во едно интервју изјавила дека му опростила на Роман и му посакала среќен живот.