Судските документи кои биле објавени во Лос Анџелес покажуваат дека Роман Полански пред 15 години се согласил да и плати на Саманта Геимер, која ја силовал, 300 илјади долари за судска спогодба. Спогодбата била обострано прифатена и потпишана во 1993 година. Иако условите во спогодбата биле тајна, судот ги објавил бидејќи веќе две години се обидуваат да го наговорат Полански да ја плати договорената сума.


Од документите не е јасно дали тој некогаш платил оштета, но со оглед на тоа дека Геимер во 1997 година напишала афирмативно писмо во врска со неговата казна се претпоставува дека тие двајца постигнале договор.