Режисерот награден со Оскар, беше уапсен пред три седмици во Швајцарија и оттогаш се наоѓа во притвор. Неговиот адвокат откри дека минатата седмица неговиот клиент бил префрлен во болница пради нарушено здравје. Уште изјавил дека не знае каде се наоѓа, ни дали ќе се врати во затвор.
Адвокатот уште пред една седмица кога го посетил Роман изјавил дека се плаши за неговото здравје, и детој бил многу изморен и депресивен. Режисерот сеуште ја чека одлуката дали Швајцарија ќ го испорача на САД поради обвинението старо околу 30 години.