Роман Полански не се согласил да биде испорачан на САД, кои го бараат бидејќи во 1978 година на една забава и дал алкохол, дрога, а после тоа и ја силовал тогаш 13-годишната Саманта Геимер. Адвокатот на режисерот неодамна изјавил дека смета дека Полански немал праведно судење во време на извршувањето на казненото дело.
Тврди дека Роман веќе ја отслужил казната бидејќи во 1978 година бил подвргнат на психолошко посматрање во затворена средина цели 42 дена. Пред неколку дена по молбата наводно му била одобрена кауција од 3 милиони евра.