Херцог беше дел од петчлената Бадентерова комисија која одлучи дека Македонија има право на самоопределување и отцепување од поранешна Југославија.
Орденот на 75-годишниот политичар, член на владејачката ЦДУ на канцеларката Меркел, ќе му го врачи македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, кој два дена подоцна ќе отпатува во официјална посета на Германија.
Претходно за истите заслуги со вакво одличје се закити истакнатиот француски правник Роберт Бадентер кој беше одликуван од поранешниот претседател Бранко Црвенковски.