Пилотот на Хас, Роман Грожан, имаше многу среќа при ударот со сопствениот болид во заштитниот ѕид, на стартот од трката за големата награда на Бахреин. Грожан остана присебен и одма излезе, а, болидот комплетно изгоре за 32 секунди. Французинот, доцна синоќа, преку социјалните мрежи и се обрати на јавноста.

Здраво на сите. Само сакав да ви кажам дека сум добро. Добро, не баш целосно ОК. Ви благодарам на сите за пораките. Да не беше „Hallo“ системот, една од најдобрите работи воведени во Ф1 овие години, веројатно немаше да бидам тука и да зборувам пред вас. Му благодарам на медицинскиот тим тука во болницата, се надевам дека наскоро ќе можам да ви одговорам на пораките. – изјави Грожан.

„Hallo“ системот за заштита на пилотите беше воведен во 2017 година. Тогаш, вововедувањето предизвика бура од реакции од пилотите и дизајнерите на болидите, но токму заштитниот систем го спаси Грожан од најлошото.

Од клубот Хас, каде вози Грожан информираа дека болидот при сударот се движел со 221 километри на час.

OhridNews

 

Ф1: Хамилтон победник во Бахреин, Грожан имаше среќа во страотната несреќа со експлозија (видео)