Рускиот олигарх и тајкун Роман Абрамович, кој го поседува и англискиот фудбалски клуб Челзи, со месеци пред раѓањето на свето седмо дете ја преуредувал најголемата јахта на светот која ја укотвил во њујоршкото пристаниште. Неговата Даша Жукова, модна дизајнерка и уредничка, го родила нивното второ дете, ќерката Леа Лоу. Даша породилни болки добила токму на јахтата, а потоа возачот со лимузина ја одвел во најдобрата болница во Њујорк каде деноноќно ја чувале телохранители.

Од болницата рекле дека имала подобра услуга отколку во хотел со пет ѕвезди. Најфалениот лекар постојано и бил на располагање. Добила соба со бања која има када за масажа, мермерен под и свилена постела од најдобрите италијански дизајнери. Роман најмодерениот мебел и деталите за детската соба наводно ги платил повеќе од три милиони долари, местото во пристаништето за две седмици го чинело околу два милиони долари, а врвни готвачи биле задолжени за припрема на најфини јадења.