Рускиот милијардер морале да го одведат на сигурно откако на висина од 4,6 километри имал проблеми со дишењето. Роман Абрамович со шест свои пријатели минатата седмица се обидел да го освои 5,8 километри високиот врв Килиманџаро во Африка.


Тој се одлучил да се качува по десната падина на планината, што се смета за најтежок пат до врвот. Неговата екипа броела дури 113 носачи, а се зборува дека меѓу оние кои го придружувале бил и Гус Хидинк. Симптомите кои тој ги покажал се типични за висинска болест.