Роман Абрамович, руски милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, одлучил во време на светската економска криза да си приопшти мал, скромен поклон. Се работи за јахта долга 170 метри, која ќе биде најголема на светот.


Иако веќе има една јахта долга 117 метри, очигледно е дека просторот поголем од фудбалски терен е премал за неговиот вкус. На неа планира да потроши помеѓу 300 и 700 милиони долари, а ќе им ја приклучи на своите три останати јахти, Пелорус, Сусура и Екстази.