На Роман Аврамович му здодеало да чита по весниците за аферите на фудбалерите по ноќните клубови, тепачките и измамите, па затоа одлучил да го реши проблемот. Сопственикот на Челзи под стадионот Стемфорд Бриџ ќе изгради луксузен ноќен клуб во кој би се забавувале неговите фудбалери.


Се планира тоа да биде едно од најубавите места во Лондон. Абрамович слично нешто видел во САД и веднаш се зафатил за работа. Клубот на влезот ќе има огромен водопад вреден 150 илјади фунти, а за посебни гости ќе има и приватни кабини со телевизори. Клубот ќе може да прима до 500 гости.