Рускиот милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи потрошил 90 милиони долари.купувајќи луксузен имот на Карибите. Тоа е една од најголемите купопродажби на имот во историјата. Се верува дека Роман во светската економска криза загубил повеќе милијарди долари, но тоа не го спречило да го купи она што го сакал.
Големиот посед на Карибскиот остров Ст. Бартс опфаќа и тениски терени, базени, бунгалови на самата плажа и забавни паркови. Иако звучи одлично сепак морал да потроши 90 милиони долари. Тој веќе има куќи во Москва, Лондон, на француската ривиера и во Колорадо.