Роман Абрамович и неговата девојка Даша Зукова го добиле своето прво дете. Го крстиле Арон Александер. Рускиот милијардер бил со девојката за време на целото породување во една приватна клиника во Лос Анџелес.


Сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи има два сина и три ќерки од бракот со поранешната сопруга Ирина. Пред три години се запознал со ќерката на богаташот Александар Зуков поради која го прекинал својот долгогодишен  брак. Даша е уредник на едно модно списание, а минатата година отворила уметничка галерија во Москва.