Срамниот пораз од Фиорентина (7-1) и елиминацијата од Купот на Италија не е единствена грижа за клубот од Рим. „Волчицата“ може подолго време да остане без најдобриот голгетер Един Џеко, кој буквално ја изгуби главата во текот на второто полувреме. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина го плукна главниот судија Џајнлука Мањаниело кој без размислување му додели црвен картон.

Плукање на противнички играч или судија се смета за најголем неспортски прекршок и непочитување и следува драконска казна. Џеко со испадот ги зголеми проблемите во Рома која никако не може да фати ритам во италијанската Серија А.

OhridNews