Екипата на Фиорентина му се придружи на Милан во ТОП 4 во Купот на Италија. „Виолетовите“ до пласман во полуфиналето стигнаа со несекојдневен и убедлив триумф над Рома од 7-1.

„Виолетовите“ одиграа фантастичен натпревар, наспроти „волчицата“ која долго време немаше ваков дебакл доживеано на италијанско тло. Домашните фудбалери убедливиот триумф го најавија со двата голови на Федерико Киезо во 7-та односно 18-та минута. Десет минути подоцна Рома намали 2-1 со погодокот на Александар Коларов но тоа беше се што направи. Во 33-та минута Луис Муриел зголеми на 3-1. Гол серијата на домаќините ја продолжи Марко Бенаси во 66-та минута. Во последните петнасетина минути Киеза го комплетираше хет трикот, а Џовани Симеоне со два погодоци ја дотолчи Рома.

Четвртфиналните возбудувања продолжуваат вечерва со дуелот помеѓу Аталанта и Јувентус во Бергамо, а мечевите ќе се комплетираат со утрешниот дерби дуел Интер – Лацио.

OhridNews