Фудбалерот за врска на Рома, Лоренцо Пелегрини ќе го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Николо Шира.

Раководството на Римјаните му понудило на 25-годишниот Италијанец договор до 2025 година со можност за продолжување на уште една сезона. Годишната платата на фудбалерот ќе биде 3 милиони евра плус бонуси, вели анонимен познавач на италијанскиот фудбал.

Минатата сезона, Пелегрини одигра 47 натпревари за Рома, на кои постигна 11 голови и направи 10 асистенции.

 

OhridNews