Франческо Тоти ја распламти италијанската јавност откако на официјална пресконференција најави заминување од Рома после триесет години помина во клубот. „Принцот“ од Рим како што го нарекуваат Тоти изјави дека од клубот не добил никаква улога и оти бил изолиран од до нестувањето на сите важни одлуки. На ваквите обвинувања клубот возврати дека бил подготвен да го чека развојот на Тоти во новата улога која ја добил. Исто така Рома инфомираше оти Тоти не дал никако одговор за позицијата технички директор.

  • Клубот е екстремно разочаран што Франческо Тоти реши да го напушти клубот и да не ја преземе позицијата на технички директор, која му беше понудена по заминувањето на Мончи и за која чекавме одговор. Веруваме дека улогата која му ја понудивме беше една од најодговорните во клубот и побаруваше целосна посветеност, нешто што се очекува од сите на високи позиции. Бевме подготвени да бидеме трпеливи со Франческо и да му помогнеме во транзицијата од голем фудбалер во голем менаџер. Сфаќаме колку е тешко да си замине од АС Рома по 30 години, веруваме дека неговите впечатоци за фактите и одлуките во клубот се измислени и далеку од реалноста. – стои во соопштениет од Рома.

Тоти цела своја професионална фудбалска кариера ја помина во Рома и покрај големите и честите понуди за преселба во други клубови. Поранешниот италијански репрезентативец кариерата ја заврши во 2017 година и две сезони беше дел од управата на клубот.

OhridNews

Заврши децениската љубов: Тоти ја напушти Рома