Португалскиот стручњак Жозе Мурињо ќе биде шеф на стручниот штаб во Рома од следната сезона, откако денеска, клубот најави разделба со актуелниот тренер Паоло Фонсека.
Римската „волчица“ сезонава бележи резултати под очекувањата во Серија А, а капак на се беше катастрофалниот пораз (6-2) од Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа.
Мурињо кој пред неполн месец доби отказ од Тотенхем е изненадувачки избор на Рома, бидејќи никој и никогаш не ги спои Португалецот и италијанскиот клуб. Фаворит број еден за кормилото на Рома беше Маурицио Сари, кој, како Мурињо беше слободен агент.
Враќањето на Мурињо во Серија А (ќе) предизвика големо внимание, затоа што кога последен пат „специјалниот“ работеше во „калчото“ донесе историски успех за Интер, освојуваќи тројна круна.
OhridNews