Се поголем е притисокот, а иднината во Челси на Маурицио Сари му зависи од трпеливоста на сопственикот Роман Абрамовиќ. „Сините“ ги тресе резултатска криза, го загубија четвртото место во Премиер лигата, отпаднаа во ФА купот, а последната шанса Лига купот и Лигата на Европа која не се знае колку ќе ги нарани апетитите на клубот.
Ситуацијата на Стемфорд Бриџ будно ја следи Рома, која според италијанските медиуми веќе остварила телефонски контакт со искусниот стратег. „Волчицата“ предводена од клупската легенда Еузебио ди Франческо се наоѓа во слична ситуација и нема да биде нишо чудно ако отказот од Челси го одведе Сари на клупата од Рома.
Сари би немал проблеми околу аклиматизацијата во италијанскиот фудбал, бидејќи добро го познава. Италијанецот кој започна да работи како банкар успешно го предводеше Наполи три сезони иако не успеа да го симне Јувентус од тронот. Истро три сезони Сари беше на чео од Емполи, каде и се промовираше во добар стратег кој негува напаѓачки фудбал.
OhridNews