Ролингстоунс ќе издадат нив сингл со наслов “Doom and Gloom”. Станува збор за една од две нумери, а втората е “One Last Shot”, од нивниот албум со најголеми хитови “Grrr!”, кој во продажба ќе се најде од 12 ноември. Последниот албум “A Bigger Bang” на легендарниот бенд, кој оваа година славил пет децении кариера, бил објавен во 2005 година.
Новиот албум ќе биде издаден во неколку формати. Од 5 ноември во прдажба ќе се најде и нова верзија на првиот документарен филм за бендот, “Charlie is My Darling”, кој Пит Вајтхед го снимил на почетокот на септември 1965 година по објавувањето на големиот хит “Satisfaction”.