Британската рок група Ролингстоунс пристигна во Хавана каде ќе одржи историски концерт а Куба, каде рок музиката се продава „под тезга“. Мик Џегер и останатите веднаш на обожавателите на шпански јазик им ветија историски настап. Се очекува посетеност од неколку стотини илјади луѓе на бесплатниот концерт на отворено, а многумина веќе сега најавуаат дека тоа ќе биде најголем досега одржан концерт на Куба.

Концертот се одржува три дена после историската посета на американскиот претседател Барак Обама на Куба. Во тек се последните припреми за концертот кој ќе биде одржан на бина долга 80 метри и со седум огромни екрани, што претставува преседан за земјата на салсата. Кубанските власти своевремено судски ги процесуираа младите кои слушаа рок музика, која кубанските власи ја сметаа за капиталистичко одружје. Со откажувањето од тие мерки, властите во Хавана почнаа и да дозволуваат големи неофицијални собири.