Гитаристот на Ролингстоунс Кит Ричард најавил концерти во Лондон и Њујорк, иако сеуште не ги открил датумите на сврките. Долго се зборувало дека легендарните рокери оваа година ќе заминат и на турнеја по повод прославата на 50 години од нивната работа, па и фронтменот на бендот Мик Џегер во Јули потврдил дека ќе се качат на сцената оваа есен.
И покрај шпекулациите, Ролингстоунс одбиле да свират на овогодинешното отварање на олимписките игри во Лондон, како и наводите дека ќе имаат два концерти во Лондонската О2 арена овој ноември. Ричардс во интервју за медиумите, сепак, рекол дека свирките за Лондон и Њујорк се резервирани.